Јавна расправа за деталниот урбанистички план „Мал ринг“ во центарот на Скопје
Во рамките на „Мал ринг“ на неизградените локации на кои биле проектирани споменици ќе има зеленило, а на местото на станбените комплекси- културни институции. Се бришат трите галии во реката Вардар. Ова се дел од предлозите на јавната расправа во Град Скопје. Се разгледува и можноста во строгиот Центар да нема сообраќај...

Сите објекти изградени во проектот „Скопје 2014“ остануваат, преостанатите планирани проекти, дел се уште во судски процеси се предвидува да бидат пренеменети во културни објекти, градско зеленило, за изградба во станбен и деловен простор. Шпанските скали нема да се градат бидејќи се планирани на државно земјиште. Во новиот детален урабнистички план за централното градско подрачје „Мал ринг“, новина е и тоа што се предвидува центарот да биде ослободен од сообраќај.
Според градоначалникот Богдановиќ во моментов се водат 29 судски постапки. Целта на новиот урбанистички план, вели градоначалникот, е да се отстранат сите пропусти во претходниот. Посочува дека тој треба да биде донесен пред стапувањето во сила на новиот Закон за градба.
За заинтересираните странки носењето на овој план е пребрзо, посочуваат дека треба да се почека да завршат судските спорови. Поради многубројните проблеми бараат тој да се решава на државно ниво.
Преку соопштение Здружението „Плоштад Слобода“ побара од градоначалникот на Центар и од Советот да го продолжат терминот за јавната расправа и за „Мал ринг“ за уште 30 дена. Да се повлече планот на доработка. Забележуваат дека специфичната планска документација не е на разбирливо ниво за просечниот граѓанин и оти недостасуваат 3Д прикази, анализи, и прирачници со кои ќе се обезбеди точност во информирање на јавноста. Условите дополнително влошени поради пандемијата со Ковид- 19.
Дијана Ценевска
