Управниот суд расправа по тужбите поднесени од политичките партии за изборите

22.07.2020 16:52

Во Управниот суд тече разгледувањето на тужбите кои ги доставија политичките партии за изборниот процес. Се надеваат дека нема да дојде до блокада на работите бидејќи се подготвени во рок да ги завршат расправите по поднесените тужби...

Управниот суд со петте совети ги разгледува тужбите од политичките партии по однос на изборниот процес. 28 од 76-те тужби на Алијанса и Алтернатива биле одбиени, одбиена е и тужбата на Интегра. До Управниот суд пристигнале и 101 тужба од Левица, две најавија ВМРО-ДПМНЕ и Демократи, а се очекуваат и тужби од коалицијата „Никогаш северна- само Македонија“.

Во Управниот суд се надеваат дека нема да дојде до блокада на работите бидејќи се подготвени во рок да ги завршат расправите по поднесените тужби, а тој изнесува 60 часа откако тужбата е поднесена.

Потоа, ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори. Поради изборни нерегуларности, Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија протестен марш.

 

Миле Ристески