Управниот суд расправа по тужбите на партиите
Во Управниот суд во тек е разгледувањето на тужбите кои ги доставија политичките партии за изборниот процес. Сите 75 на Алијанса за Албанците и Алтернатива се одбиени. Иста одлука е донесена и за единствената тужба која ја поднесе полтичката партија Интегра...

Во Управниот суд во тек е разгледувањето на тужбите кои ги доставија политичките партии за изборниот процес. Сите 75 на Алијанса за Албанците и Алтернатива се одбиени. Иста одлука е донесена и за единствената тужба која ја поднесе полтичката партија Интегра.
Вкупно досега се поднесени 185 тужби. Најмногу 102 се од Левица. Две тужби поднела и коалицјата предводена од ВМРО- ДПМНЕ, по една од СДУ и Единствена Македонија, две од Демократи и уште една од МОРО Работничка партија, а останува да се одлучува и по тужбата на едно од физичко лице кое било спречено да гласа на изборниот ден.
По одлуките, Државната изборна комисија ќе треба да ги соопшти конечните резултати од изборите. Согласно законските рокови, најдоцна до 4-ти август треба да се конституира новиот парламетнарен состав, а најдоцна за десет дена потоа се очекува претседателот Пендаровски да го додели мандатот на оној кој ќе формира мнозинство од најмалку 61 пратеник.
