Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“
На денешното рочиште одбраната треба да продолжи со давање воведни зборови...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.
На денешното рочиште одбраната треба да продолжи со давање воведни зборови. На минатото рочиште во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.
Обвинетите, пак, се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата кои им се ставаат на товар.
