Хакирана веб- страницата на Министерството за здравство

24.07.2020 11:20

Не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Министерството за здравство информира дека е хакирана и, во моментов, не функционира веб-страницата на ресорното министерство. Не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот- соопштуваат од Министерството.