Активни 4.079 случаи на заразени со Ковид-19, од почетокот на епидемијата починаа 445 лица

24.07.2020 12:32

Најмногу новорегистрирани случаи сѐ уште се бележат во Скопје, каде во моментов се активни 1.938, Штип 349, Тетово 287, во Куманово 257, Гостивар 217, Струга 189, Дебар 114, Охрид има 104, а Прилеп 51 заболен.

Во моментов во земјава се активни 4.079 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се излекуваа 5.145 заболени, а починаа 445. Вкупно се регистрирани 9.669 инфицирани лица. Сѐ уште се во сила мерките за носење заштита на пределот околу устата и носот, почитување на дистанца и негрупирањето.

Најмногу новорегистрирани случаи сѐ уште се бележат во Скопје, каде во моментов се активни 1.938, Штип 349, Тетово 287, во Куманово 257, Гостивар 217, Струга 189, Дебар 114, Охрид има 104, а Прилеп 51 заболен.

Во меѓувреме, во Владата потврден уште еден случај. По министерот за економија Крешник Бектеши, позитивен на Ковид-19 е и министерот за образование и наука, Арбер Адеми.