Почна судењето на поранешниот претседател на Кривичен, Панчевски

24.07.2020 13:43

Панчевски во Велешкиот суд пристигна од притвор од истражниот затвор во Шуто Оризари откако на минатото рочиште на 10-ти јули не се појави, па судијата му одреди притвор.

Во Велешкиот суд почна судењето на екс- претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски. Се товари за злоупотреби на АКМИС системот за одредување судии за предметите.

Панчевски во Велешкиот суд пристигна од притвор од истражниот затвор во Шуто Оризари откако на минатото рочиште на 10-ти јули не се појави, па судијата му одреди притвор.

Пет дена полицијата не успеа да го пронајде, поради што беше распишана потерница. А подоцна, Панчевски самиот се пријави во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.