Бројот на инфицирани со Ковид-19 надмина 10.000
27.07.2020 13:02
Вчера беа регистрирани 152 нови случаи на коронавирус. Со тоа вкупниот број на заболени достигна 10.086, од кои 4.199 се активни случаи. Оздравеле 5.427 заболени, додека 460 лица починале.

Здравствениот билтен и натаму покажува троцифрен број заболени од Ковид-19. Вчера беа регистрирани 152 нови случаи на коронавирус. Со тоа вкупниот број на заболени достигна 10.086, од кои 4.199 се активни случаи. Оздравеле 5.427 заболени, додека 460 лица починале.
Досега во земјава се направени над 95 илјади тестирања на Ковид-19. Во светот досега заболеле над 16 милиони луѓе, оздравеле безмалку 10 милиони, а починале над 650 илјади од заболените.
