Во судот во Велес продолжи поцесот против Панчевски

27.07.2020 13:18

Обвинетиот Панчевски изјавил дека немал време да подготви одбрана, а ниту го разбира Обвинението, па судијката Ѓорѓиевска му го образложи обвинителниот акт. Таа наброја 40-тина предмети најмногу од Обвинителството за организиран криуминал, кои по барање на Панчевски биле распределувани кај одредени судии.

Во Основниот суд во Велес продолжи процесот против поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски кој е обвинет за злоупотреби на системот АКМИС за распределба на предметите.

Обвинетиот Панчевски изјавил дека немал време да подготви одбрана, а ниту го разбира Обвинението, па судијката Ѓорѓиевска му го образложи обвинителниот акт. Таа наброја 40-тина предмети најмногу од Обвинителството за организиран криуминал, кои по барање на Панчевски биле распределувани кај одредени судии.

Се очекува воведниот збор на Панчевски. На првото рочиште неговите адвокати побараа укинување на притворот затоа што, тој наводно сѐ уште имал имунитет и немал добиено решение од Врховниот суд за негово разрешување како судија.