„Марш за демократија“ на Алијанса за Албанците и Алтернатива

27.07.2020 13:21

Ќе се маршира од паркот во Чаир, пред Владата и ќе заврши пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава.

Од Алијансата за Албанците и Алтернатива за вечер најавуваат „Марш за демократија“, кој велат дека е знак на револт за потиснување на правото на слободно гласање.

Ќе се маршира од паркот во Чаир, пред Владата и ќе заврши пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава.

Организаторите најавуваат протест со почитување на мерките, односно носење заштитни маски и одржување дистанца.