Германската амбасада со донација за четири здравствени уставнови во земјава

27.07.2020 13:26

Како што извести ова дипломатско претставништво, амбасадорката Анке Холштајн потпишала договори за донација со Клиничката болница во Штип, општите болници во Куманово и Прилеп и со Здравствениот дом во Гостивар.

Германската амбасада донира 152 илјади евра на четири здравствени установи во земјава како поддршка во справување со пандемијата од Ковид-19. Како што извести ова дипломатско претставништво, амбасадорката Анке Холштајн потпишала договори за донација со Клиничката болница во Штип, општите болници во Куманово и Прилеп и со Здравствениот дом во Гостивар.

Парите ќе се користат за набавка на медицинска опрема и амбулатни возила. Проектот се спроведува во соработка со четири локални граѓански организации, а е реализиран е во рамките на програмата за мали проекти на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, стои во соопштението од амбасадата.