Нови 128 случаи со Ковид-19, шест починати, оздравени 137 пациенти

27.07.2020 14:35

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, Гостивар-2, Кочани-2, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213,  бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•             Скопје 4.660, активни 1.876

•             Куманово 991, активни 284

•             Дебар 192, активни 124

•             Штип 761, активни 409

•             Прилеп 324, активни 53

•             Тетово 998, активни 278

•             Струга 416, активни 206

•             Велес 212, активни 20

•             Битола 116, активни 59

•             Охрид 262, активни 111

•             Кавадарци 48, активни 31

•             Гостивар 385, активни 234

•             Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

•             Струмица 35, активни 24

•             Крива Паланка 22, активни 8

•             Радовиш 28, активни 23

•             Крушево 15, активни 9

•             Кочани 95, активни 23

•             Пробиштип 48, активни 29

•             Демир Хисар 24, активни 22

•             Македонски Брод 15, активни 11

•             Пехчево 6, активни 0

•             Берово 4, активни 1

•             Валандово 6, активни 0

•             Виница 7, активни 3

•             Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

•             Кратово 13, активни 8

•             Свети Николе 217, активни 189

•             Кичево 120, активни 90

•             Ресен 143, активни 40

•             Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.025 теста се преку: ИЈЗ-662, ЦЈЗ Скопје-25,  Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со PCR метода -113, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-12, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•             Чаир – 265

•             Аеродром - 207

•             Бутел - 133

•             Гази Баба - 193

•             Центар – 150

•             Карпош – 164

•             Сарај – 109

•             Кисела Вода – 183

•             Ѓорче Петров – 129

•             Студеничани – 93

•             Шуто Оризари – 120

•             Арачиново – 36

•             Илинден – 23

•             Петровец – 20

•             Чучер Сандево – 12

•             Сопиште – 22

•             Зелениково- 7

•             Странец – 8

•             Нераспределен- 2