102 нови случаи на Ковид-19, починати пет лица, 99 оздравени

28.07.2020 13:17

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.181...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, Струга-17, Охрид-15, Гостивар-2, Струмица-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72г.), пациент од Куманово (64г.), пациент од Прилеп (48г.) и пациент од Штип (76г.) . Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315,  бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.181. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•              Скопје 4.699, активни 1.865

•              Куманово 1.002, активни 294

•              Дебар 192, активни 124

•              Штип 774, активни 419

•              Прилеп 327, активни 55

•              Тетово 1000, активни 270

•              Струга 418, активни 191

•              Велес 212, активни 20

•              Битола 122, активни 65

•              Охрид 265, активни 99

•              Кавадарци 51, активни 34

•              Гостивар 393, активни 240

•              Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

•              Струмица 35, активни 23

•              Крива Паланка 22, активни 8

•              Радовиш 29, активни 24

•              Крушево 15, активни 9

•              Кочани 96, активни 23

•              Пробиштип 48, активни 29

•              Демир Хисар 25, активни 23

•              Македонски Брод 16, активни 12

•              Пехчево 6, активни 0

•              Берово 4, активни 1

•              Валандово 6, активни 0

•              Виница 8, активни 4

•              Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

•              Кратово 13, активни 8

•              Свети Николе 220, активни 192

•              Кичево 124, активни 92

•              Ресен 143, активни 39

•              Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.356 теста се преку: ИЈЗ-416, ЦЈЗ Скопје-36,  Авицена-112, Биотек-116, МАНУ -187, Жан Митрев (Филип Втори)-274, Систина со PCR метода -139, Судска медицина -13, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-4, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•              Чаир – 262

•              Аеродром - 205

•              Бутел - 128

•              Гази Баба - 193

•              Центар – 150

•              Карпош – 165

•              Сарај – 105

•              Кисела Вода – 179

•              Ѓорче Петров – 129

•              Студеничани – 92

•              Шуто Оризари – 125

•              Арачиново – 36

•              Илинден – 25

•              Петровец – 19

•              Чучер Сандево – 12

•              Сопиште – 21

•              Зелениково- 8

•              Странец – 8

•              Нераспределен- 3