Обвинителството ја проверува тендерската документација за софтверот на ДИК

28.07.2020 14:05

Според информациите се проверува дали бил набавен согласно Законот за јавни набавки. Постапката за софтверот е отворена по допрен глас.

Обвинителството за организиран криминал и корупција влезе во државната изборна комисија за да ја одземе тендерската документација за набавка на софтверот за броење гласови, кој крахираше изборниот ден.

Според информациите се проверува дали бил набавен согласно Законот за јавни набавки.  Постапката за софтверот е отворена по допрен глас.

Поради хакерски напад, Комисијата, иако најави, не можеше електронски да ги соопшти резултатите од изборите. Случајот предизвика контроверзи и партиски реакции. На крајот претседателот на ДИК се извини и рече дека не е направена штета на процесот.