Конститутивна седница согласно протоколите за заштита од Ковид-19

28.07.2020 15:17

Пратениците од новиот собраниски состав на конститутивна седница, што ќе се одржи во големата сала во Законодавниот дом. Ќе се испочитуваат сите протоколи, ќе се мери температура на секој присустен, со дозволена дистанца. За видео-конференциска седница нема можост, треба да се менува Деловникот- велат парламентарните служби...

Он-лајн собраниска седница отпаѓа како опција, зашто е потребно да се менува Деловникот, па таквата одлука му останува на идниот состав, велат параламентарните служби. Ќе има заседание со физичко присуство за што сите услови се речиси исполнети согласно протоколите за заштита од корона вирусот.

„Конститувната седница ќе се одржи во големата сала со купола. Ќе се одржи согласно сите протоколи и мерки препорачани од Комисијата за заразни болести. На сите пратеници и на лицата од собраниските служби ќе им се мери температура на влезот, а во салата ќе се воспостави потребното растојание за нивна безбедност“, изјави Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието.

Не само пратениците, туку и гостите и новинарите ќе бидат прифаќани од луѓето задолжени за собранискиот протокол и ќе бидат спроведувани до точно определеното место за нив. Гласовите на конститутивната седница ќе се бројат рачно, бидејќи во големата сала нема систем за гласање.

Претседателот на Комисијата за заразни болести веќе бил во Собранието и работната група ги привршува преземените обврски. Голема е веројатноста седницата да се одржи ден по чествувањето на илинденските празници, велат за МТВ од кабинетот на собранискиот спикер, Џафери.

Фиљана Кока