Пациентите заболени од хепатит добија иновативна бесплатна терапија

28.07.2020 15:26

Еден насто од населението е инфицирано со хроничен хепатитис. Во светски рамки од овој вирус умираат над 170.00 илјади луѓе. Лани во земјава е регистриран 91 случај со овој вирус кој го напаѓа црниот дроб. Под мотото „Хепар безбедна иднина“ се одблежа светскиот ден...

Годинашново мото „Хепар безбедна иднина“ содејствува со успешниот исчекор на битолскиот Хепар Центар и Министерството за здравство. За прв пат обезбедена е иновативна бесплатна терапија за пациентите заболени од хепатит Ц. Одредената количина која пристигна минатата недела е набавена преку условниот буџет донесен во време на техничка влада и претставува убав вовед во планот на претстојнава декада за елеминација на Хепатитот.

Кај нас еден процент од населението е инфицирано од ова заразно заболување. Добиената бесплатна терапија и тестови се многу важни, бидејќи за хепатитот Ц се уште не постои вакцина- велат лекарите.

Од битолската невладина организација велат дека не отстапуваат од барањето за промена и на позитивнта листа, но во соработка со еминентни странски установи, трагаат по информациите колкави се контраефектите што ги прави Ковид- 19.

Видео вклучувањата на претсавници од Светската здравствена организација и врвните домашни медицински установи само потврдија дека Хепер центарот е почитуван чинител во глобалното движење.

Стевче Митревски