Многу комбинаторики, малку информации за преговорите за нова влада

28.07.2020 15:31

Препукувања преку партиски соопштенија. Новата влада која ќе ја формира СДСМ, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата, владеење на правото, велат преку соопштение Социјалдемократите.

Многу комбинаторики, малку реални партиски информации, кој до каде е со преговорите за состав на нова влада. Препукувања преку партиски соопштенија. Новата влада која ќе ја формира СДСМ, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата, владеење на правото, велат преку соопштение Социјалдемократите.

„Новата влада предводена од СДСМ се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните“ – пишува во соопштението.

„Со СДСМ на власт, Република Македонија само тоне. Граѓаните не го заслужуваат ова, тие заслужуваат многу повеќе“ – возвраќаат од ВМРО – ДПМНЕ.

„Единствено што успеа владата на СДСМ да направи во овие три години е да го променат името на државата и да го понижат македонскиот народ“- велат од партијата.