Ковид-19

Кризните штабови во Гостивар и Тетово со апел да се почитуваат мерките

29.07.2020 10:20

Гостиварци недисциплинирани. Има случаи кога лица со решенија за изолација, наместо да седат дома, излегуваат и шетаат на јавни места. Во Тетово, главен проблем се семејните групирања и свадбените веселби. Од кризните штабови, апел за почитување на протоколите и препораките...

Коронавирусот се шири, а граѓаните сѐ уште се однесуваат неодговорно, не ги почитуваат препораките, а со тоа ги ставаат во ризик и другите.

На денешниот состанок на Меѓуопштинскиот Кризен штаб во Гостивар, институциите истакнаа дека има случаи кога лица со решенија за изолација, наместо да седат дома излегуваат и шетаат на јавни места.

Од Кризниот штаб на Општина Тетово, оценуваат дека жариштето на пандемијата последниве десетина дена се смирува. Се евидентираат ендоцофрени бројки за разлика од првата половина од месецот кога имавме и до 30 позитивни случаи на коронавирусот. Главен проблем се семејните групирања и свадбени веселби каде не се почитуваат препораките.

Воглавно во Полошко, се заразуваат пациенти од Тетово и Гостивар каде има и најголем број на кластери.

Зоран Димовски