ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема план за ништо кога станува збор за животот и доброто на граѓаните
Правда не постои во државата зашто одлуките ги кажува Зоран Заев само да го прикрие криминалот кој тој го прави. Ветуваа раст на економија, отворање на работни места, повисоки плати, но тоа остана само нивно предизборно ветување.

Владата на СДСМ нема план за ништо кога станува збор за животот и доброто на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во овие три години откако тие се власт Република Македонија има висока стапка на корупција и правдата целосно ја заборавија, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Правда не постои во државата зашто одлуките ги кажува Зоран Заев само да го прикрие криминалот кој тој го прави. Ветуваа раст на економија, отворање на работни места, повисоки плати, но тоа остана само нивно предизборно ветување.
Нема петстотини евра просечна плата, нема плата од сто илјади денари плата за докторите, нема раст од економијата од 4% на годишно ниво, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
