Поднесени кривични пријави против центрите за социјална работа

29.07.2020 13:05

Родителите кои не живет со своите децат по разводот со партнерот реагираат до институциите. Велат како причина да не го видат своето дете била искористена состојбата со корона вирусот. Против центрите за социјална работа се поднесени пет кривични пријави. Очекуваат иницијативата за заедничко родителство по развод да ги раздвижи институциите за конечно непречено да контактираат со своите деца...

Пет кривични пријави се поднесени против центрите за социјална работа. Родителите кои не си ги гледаат своите деца, каде што партнерот старател забранува детето да го види својот друг родител, реагираат до институциите.

„Сакам детето да ме познава како татко, а не да прашува кој е овој чичко“ вели Бранко Брковиќ, родител, кој што пет месеци го нема видено четири годишниот син. Според него, состојбата со корона вирусот била искористена како причина да не го гледа дедето, бидејќи според информации што ги има, неговиот син бил во контакт со луѓето во неговото опкружување. Прашува, како само таткото е потенцијална опасност од Ковид-19. Наместо комуникација со синот, тој изминативе месеци комуницирал со центрите за социјална работа, кои според него си ја префлаат одговорноста, бидејќи тој живее во Кавадарци, а неговата сопруга во Скопје.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека тие им давале поддршка на родителите при договарање  и одржување на односите помеѓу родителите и децата.

Во случај на стручна проценка дека непосреден физички контакт на детето со родителот со кој не живее би можело да го загрози неговото здравје, се предлега примена на други алтернативни, посредни начини на комуникација во договор на родителите како што се телефонски контакт или користење на некоја од социјалните мрежи.

Но, синот на Брковиќ, не е единствениот кој не се гледал со својот родител. За 55 деца има дојава на СОС линијата на Првата детска амбасада Меѓаши. Оттаму велат дека повиците се однесуваат за проблемите поврзани со нефункционалноста на работа на меѓуопштинските центри за социјална работа. Проблемот со правото на видување на детето во период на пандемијата доплнително се зголемил  поради вонредната состојба и забраните за движење. Ваквата состојба голем број од родителите ја злоупотребија и го искористија моментот за отуѓување на детето од другиот родител. Според Виолета Илиоска, психолог на СОС линијата на Меѓаши:

„Детето е принудено да се откаже од родителот кој има потреба да го сака, и чувствува тешкотија, тага и празнина поради губењето на едниот родител. Го преживува само во својот внатрешен свет, при тоа не покажувајќи ги тие неприфатливи чувства и потреби. Секое дете во зависност од возраста и емотивниот капацитет ќе тагува и ќе изнаоѓа начини како да се бори со овие родителски очекувања. Цената која ќе мора да ја плати поради родителските постапки е голема и доколу отуѓувањето не биде препознаено и навреме и стручно третирано, ќе биде ненадоместлива штета и за другиот родител и за самото дете.“

Брковиќ вели дека преку Иницијативата за заедничко родителство по развод ќе се обидат да ги раздвижат институциите за да имаат  непречен контакт со своите деца.

 

Наташа Јанчиќ