Протест на туристичките агенции
29.07.2020 13:09
За протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. Протестот ќе почне симболично пред „Дрво декор“ и ќе продолжи до Владата...

Туристичките агенции за денеска најавија мирен протест. Бараат спас од банкрот. Велат дека ќе се обидат уште еднаш да укажат дека без поддршка од државата не можат да ја надминат ситуацијата во која се најдоа поради коронавирусот.
Како што соопштија, за протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. Протестот ќе почне симболично пред „Дрво декор“ и ќе продолжи до Владата.
