Онлајн самит на лидерите на Западен Балкан

29.07.2020 11:34

„Очекуваните економски и социјални последици од пандемијата со Ковид-19 на Балканот бараат итна регионална акција за да се избегне трајна економска стагнација и потенцијалната нестабилност што доаѓа со тоа“, нагласува Атлантскиот совет.

Атлантскиот совет од Вашингтон ќе биде домаќин на онлајн самит на лидерите на шест замји од Западниот Балкан, на кој, според организаторите, ќе учествува и претседателот Стево Пендаровски.

„Очекуваните економски и социјални последици од пандемијата со Ковид-19 на Балканот бараат итна регионална акција за да се избегне трајна економска стагнација и потенцијалната нестабилност што доаѓа со тоа“, нагласува Атлантскиот совет.

Самитот ќе воспостави значаен план за привлекување странски инвестиции и забрзување на ефикасното распоредување на средствата од фондовите за надминување на последиците од Ковид-19, се наведува во соопштението.

Од Советот посочуваат дека конкретните мерки договорени на самитот ќе испратат важна политичка порака за евроатлантската иднина на Западниот Балкан во време на зголемена неизвесност.