Град Скопје

За идејното решение на Универзалната сала можен е и референдум

29.07.2020 16:12

Иднината на скопската Универзална сала и денеска предмет на реакции. ВМРО-ДПМНЕ побара одговор од градоначалникот дали зад уривањето се крие бизнис интерес. Шилегов тврди дека нема конечна одлука. Можно е граѓаните да решат на реферндум...

Дали зад уривањето на Универзална сала се кријат бизнис интереси?! Градоначалникот Шилегов треба да ѝ одговори на јавноста, велат од ВМРО – ДПМНЕ. Според нив, локацијата на салата е во истата градска четврт во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика Треска, каде со измена на градежниот урбанистички план се планира да се изградат 50 нови згради.

Градоначалникот Шилегов вели дека нема донесено конечна одлука за Универзалната сала. Понуди три опции за решавање на случајот со ова културно обележје.

Здружението на архитекти неодамна предложи парк на местото на Универзална, а таа да се гради на друга локација. Предлогот наиде на жестока реакција на дел од јавноста.

Градоначалникот Шилегов вели дека за едно од трите решенија за Универзалната сала која што е културно обележје не само на Градот Скопје, туку и на цела Македонија, не е исклучена можноста да одлучуваат и граѓаните на референдум.

Александра Спировска