Нови 188 случаи со Ковид-19, пет починати, оздравени 268 пациенти

29.07.2020 17:23

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.503, бројката на оздравени пациенти е 5.931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41, Струга-22, Велес-5, Битола-3, Охрид-19, Гостивар-12, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Св.Николе-12, Кичево-13, Ресен-4.

Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.503,  бројката на оздравени пациенти е 5.931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•             Скопје 4.743, активни 1.803

•             Куманово 1.023, активни 291

•             Дебар 193, активни 123

•             Штип 792, активни 436

•             Прилеп 327, активни 54

•             Тетово 1024, активни 251

•             Струга 439, активни 190

•             Велес 213, активни 16

•             Битола 127, активни 66

•             Охрид 271, активни 86

•             Кавадарци 54, активни 37

•             Гостивар 416, активни 251

•             Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

•             Струмица 35, активни 23

•             Крива Паланка 23, активни 9

•             Радовиш 29, активни 23

•             Крушево 15, активни 9

•             Кочани 97, активни 24

•             Пробиштип 50, активни 28

•             Демир Хисар 26, активни 23

•             Македонски Брод 19, активни 15

•             Пехчево 6, активни 0

•             Берово 4, активни 1

•             Валандово 6, активни 0

•             Виница 8, активни 4

•             Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

•             Кратово 13, активни 8

•             Свети Николе 220, активни 180

•             Кичево 134, активни 89

•             Ресен 144, активни 36

•             Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.971 тест се преку: ИЈЗ-956, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-126, Биотек-119, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-261, Систина со PCR метода -137, Лаор-104, Судска медицина -11, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-18, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•             Чаир – 257

•             Аеродром - 193

•             Бутел - 125

•             Гази Баба - 177

•             Центар – 150

•             Карпош – 158

•             Сарај – 104

•             Кисела Вода – 177

•             Ѓорче Петров – 120

•             Студеничани – 82

•             Шуто Оризари – 127

•             Арачиново – 36

•             Илинден – 26

•             Петровец – 19

•             Чучер Сандево – 12

•             Сопиште – 21

•             Зелениково- 8

•             Странец – 7

•             Нераспределен- 4