Откажан Охридскиот пливачки маратон
Поради пандемијата на коронавирус, оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон. Нема да се организира ниту трката на 10 километри...

Поради пандемијата на коронавирус, оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон. Нема да се организира ниту трката на 10 километри.
Пливачката федерација на Северна Македонија како активен член во Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата држава, соопштува дека годинашните официјални интернационални пливачки маратони (Охридскиот на 25 и покусиот на 10 км.) од светската серија нема да се одржат поради пандемијата, стои во известувањето од федерацијата.
Термините за следната година се: 21 август 2021 на 25 километри и 28 август 2021 година на 10 километри.
