Зголемена опасност од пожари на отворено

30.07.2020 11:36

Поради зголемените температури во наредните денови и поради настапување на сушен период, зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор...

Дирекцијата за заштита и спасување, алармира на зголемена опасност од пожари на отворено и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, за да се сочуваат природните богатства.

Поради зголемените температури во наредните денови и поради настапување на сушен период, зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор, се вели во соопштението на Дирекцијата за заштита и спасување.