Поглаварот на ИВЗ позитивен на Ковид-19
30.07.2020 13:19
Преку својот Фејсбук профил тој ги информира верниците дека е во добра здравствена состојба, се наоѓа на домашно лекување и е без никакви симптоми.

Поглаварот на Исламската верска заедница во земјава, Шаќир Фетаху, е позитивен на Ковид- 19. Преку својот Фејсбук профил тој ги информира верниците дека е во добра здравствена состојба, се наоѓа на домашно лекување и е без никакви симптоми.
Реисот Фатеху апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките на здравствените власти, истовремено честитајќи им го на верниците муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
