Завршува рокот за аплицирање за земјоделски субвенции

31.07.2020 11:04

Според ресорното министерство до вчера претпладне барања за субвенции поднеле 60.350 земјоделци. Оттаму апелираат да се запази рокот за поднесување барања...

На полноќ завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително производство, за сточарско производство, како и за заклани животни во кланица од програмата за директна поддршка.

Според ресорното министерство до вчера претпладне барања за субвенции поднеле 60.350 земјоделци. Оттаму апелираат да се запази рокот за поднесување барања за да се продолжи постапката за обработка на решенијата за исплата на субвенциите.

Се очекува до крајот на рокот вечерва, бројот на апликанти да се зголеми, соопштуваат од Министерството за земјоделство.