Кражби во Охрид, крадците го користат невниманието на туристите
Тепачки, кражби на паричници, таблети, компјутери, но и од автомобили. Се нижат полициските записници во најголемиот македонски туристички центар...

Мобилни телефони, паричници, таблет компјутери и ова лето се мета на разбојници по охридските плажи. Крадците ја користат гужвата и невниманието на туристите за да им одземат вредни предмети, кои се оставени на лежалките, крпите, шанковите или масите.
Крадците се најчесто од други градови, доаѓаат во лето за да опериараат во главниот туристички центар, кога има огромен број на гости. Од СВР Охрид велат- се краде и од паркираните автомобили, затоа полицијата и велосипедската патрола постојано се на терен.
„Апелирам до сите туристи, многу повнимателно да се однесуваат кон своите предмети да ги чуваат, а со тоа секако да се намали бројот на регистрирани кражби. Тука се и полициските службеници кои денооќно се наоѓаат по плажите и паркинг просторите целта е преветивна“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Полицискиот билтен во шпицот на сезона е преполн со напади, масовни тепачки, физички пресметки. Изминативе денови туристи се тепаа по плажи, по плоштади, во станови и кафеани.
„Во однос на нарушувањата на јавниот ред и мир во јуни и јули годинава случени се 66 нарушувања и против сите нарушители кои се веднаш приведени во СВР Охрид с еподнесени соосдветни пријави“, вели Димоски.
Полицијата има полни раце работа. Оваа сезона најбројни се домашните гости, особено младината од земјава, која не почитува препораки за заштита од корона вирусот и прави забави низ градот до раните утрински часови.
Соња Рилковска
