Нови 88 случаи со Ковид-19, шест починати, излекувани 113 пациенти
Најголем број од новоинфицираните се од Скопје- 23. Двоцифрен е бројот и во Струга (11) и Штип (10). Институтот за јавно здравје регистрира 113 излекувани пациенти...

Шест лица починаа од коронавирусот во изминатото деноноќие. Регистрирани се 88 нови случаи, од направените 1.507 тестирања, објави министерот за здравство Филипче на социјалните мрежи.
Најголем број од новоинфицираните се од Скопје- 23. Двоцифрен е бројот и во Струга (11) и Штип (10). Институтот за јавно здравје регистрира 113 излекувани пациенти.
Се намалува бројот на новозаболени и починати со коронавирус, а се бележи зголемување на бројот на излекувани пациенти – покажува неделниот ковид-извештај. Во овој период регистрирани се 912 позитивни случаи, што се 4,5 проценти помалку од претходната недела. Од нив се хоспитализирани 136 лица.
Новоинфицирани се забележани во 28 града. Најголем процент има во Скопје, во Штип и во Гостивар. Во однос на старосната граница, најголем дел се пациенти над 60 години, а поголем број заболени се регистрирани и на возраст меѓу 30 и 39 години. Најмал е бројот на дијагностицирани деца.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата надминува 11.200. Активни се повеќе од 3.500 случаи. Битката со вирусот ја загубија 511 пациенти.
