Родителите сакаат првачиња во заштитени училишта
Родителите, учениците и наставниците чекаат Министерството за образование да каже како ќе почне и како ќе се одвива носатавата од 1-ви септември. Родителите на првачињата сакаат децата да ги пуштат на училиште, ама безбедно. Тоа го бараат и средношколците...

Елбан Ислмаилоски од селото Житоше дојде во Прилеп на своето прваче да му купи ранец за на училиште. Смета дека првачињата, со ригорозни протоколи, треба да седнат во училницата зашто е незаменлива. И прилепчанката Матилда Дупјачанец сака да го прати првачето во училишната клупа и покрај потајните стравувања за заштитата.
Училиштата, родителите, учениците чекаат Министерството за образование да се изјасни како ќе почне новата учебна година. Средношколците имаат забелешки на најавената комбинирана настава со искуството на он-лајн предавањата и тестирања. Нивниот Сојуз се огласи - без сите заштитни мерки и протоколи да не се отвораат училишните врати.
Наставниците негодуваат - се уште немаат ниту наставна програма ниту план за работа. А без чисти и подготвени училишта, не може да се седне во училишните клупи.
Како ќе почне наставата од септември очекуваат преку 9.600 прилепски ученици, од кои 6.500 основци со преку 650 првачиња.
Елизабета Митреска
