Здравство

Штипската болница се опреми со најсовремен респираторен апарат

05.08.2020 16:24

Најнова генерација на респираторен апарат набави Клиничката болница во Штип. Наменет е за пациентите во критична состојба кои имаат потреба од респираторна поддршка и интензивна нега. Во случај на ескалација на коронавирусот, овој апарат ќе обезбеди третман и на тешко болните ковид пациенти кои сега се третираат само во Скопје...

Штипската Клиничка болница се опреми со најсовремена респираторна машина. Набавена е со сопствени средства, чини еден милион и 800 илјади денари. Се работи за апарат наменет за пациентите во критична или постоперативна состојба, но во актуелната пандемија ќе се употребува за третман и на заболените од Ковид- 19 со тешка клиничка слика кои сега се третираат единствено во ковид центрите во Скопје

Во моментот во Клиничка болница Штип од Ковид- 19 се лекуваат 45 пациенти од источниот регион. Шестмина се на кислородна поддршка, а хоспитализиран е и еден 48 годишен пациент од Штип кој веќе еднаш го прележал коронавирусот, но повторно е инфициран.

Славица Величковска