Филипче: Нема потреба за нови рестрикции поради индискиот сој
Епидемиолошката состојба е стабилна, вакцината штити од „делта“ сојот на Ковид-19, вели министерот за здравство Филипче...

Епидемиолошката состојба е стабилна, вакцината штити од „делта“ сојот на Ковид-19, вели министерот за здравство Филипче. Моментално за прва вакцина се користат донациите со „Синовак“ од Турција и „Астра Зенека“ од Грција само за лицата над 60 години, и „Фајзер“, од каде секој понеделник испорачуваат околу 12 илјади дози.
„Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој во земјава, но будно ја следиме ситуацијата и епидемиолошката состојба“, вели министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Нагласи дека сите истражувања покажуваат оти индискиот сој е поразаен, но дека сите вакцини се ефикасни и го намалуваат ризикот од хоспитализација и смртни случаи.
„Ако детектираме дека има ризик од заразување во ноќните клубови и локалите, тогаш повторно ќе воведеме посебни мерки“, рече Филипче.
Темпото на имунизација е забавено бидејќи нема доволно вакцини. До крајот на месецов ќе стигне поголема пратка од околу 600 илјади дози, 100 илјади од „Фајзер“, преку Ковакс механизмот, и 500 илјади од кинески „Синовак“.
