Евроинтеграции

Гир: Посветеност за заедничко решение

21.06.2021 15:13

Во однос на релациите Скопје- Софија и кога станува збор за добрососедските односи, важно е политичарите да се воздржани во изјавите- смета евроамбасадорот.

Сите сме мошне посветени кон заедничко изнаоѓање решенија што ќе доведат до отворање на пристапните преговори на Северна Македонија што е можно побрзо- изјави евроамбасадорот Дејвид Гир. Во однос на релациите Скопје- Софија и кога станува збор за добрососедските односи, важно е политичарите да се воздржани во изјавите- смета евроамбасадорот.

Што се однесува до забелешките дадени од извесни политичари на други земји и пратеници од земји членки, јас нема да коментирам за тоа, не е тоа во мојата пракса. Но, важно е да се воздржуваме секогаш кога станува збор за добрососедски односи. Тие се навистина важни и затоа политичарите мора да се воздржуваат во таа насока. Сите сме мошне посветени кон заедничко изнаоѓање решенија што ќе доведат до отворање на пристапните преговори, рече евроамбасадорот Гир.