Османи: Време е Македонија да ги започне преговорите со ЕУ

22.06.2021 13:18

Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде, чија земја претседава со Организацијата за безбедност и соработка – ОБСЕ, е во посета на земјава...

Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде, чија земја претседава со Организацијата за безбедност и соработка – ОБСЕ, е во посета на земјава. Во фокусот на средбата со нејзиниот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи, беа приоритетите на шведското претседавање со ОБСЕ, како и европските перспективи на земјава.

„Шведска е силен и глсаен поддржувач на Република С Македонија. Се надевам дека таа поддршка и соработка ќе продолжи и понатаму. Време е С Македонија да ги започне преговорите бидејќи ги има исполнето критериумите за тоа“, нагласи шефот на дипломатијата, Османи.

Османи, посетата на неговата шведска колешка Ан Линде на Скопје, ја искористи да и го врачи постхумното признание по повод 30 години независност, за Ана Линд, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ во 2001.