Ковид-19

Досега вакцинирани над 16.000 граѓани во Куманово

22.06.2021 14:38

Во Куманово продолжува вакцинацијата на граѓаните од североистокот. Досега се вакцинирани над 16.000 лица. Од Здравствениот дом од оваа општина информираат дека се спроведува и имунизацијата на наставниците од основните и средни училишта. Но, дел од наставниците сами си закажале термин...

Во регионалниот пункт во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово досега се вакцинирани 16.600 граѓани од североистокот. Од Здравствениот дом укажуваат дека се задоволни од интересот на граѓаните за имунизација. Се спроведува вакцинирањето за прва доза, но и реавакцинација. Дополнуваат има доволни количини вакцини.

„Дневно по 300 лица, даваме од сите вакцини, има прва има втора доза. Се намали возрасната граница, доаѓаат и помлади луѓе“, изјави Сузана Атанасовска, докторка во Здравствен дом Куманово.

Од кумановскиот Здравствен дом нагласуваат и дека е во тек вакцинацијата на наставниците од основните и средни училишта од Куманово и Липково. Вакцинирани се дел од наставниците кои наставниот процес го реализираат со физичко присуство. Но, дел од воспитно образовниот кадар и сам си закажал термин за вакцинација.

На вакциналниот пункт во Куманово се имунизираат граѓаните од општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце.

„Супер е, нема ништо не ме боли, немам никакво чувство, ова е прва доза со Фајзер“- вели една кумановка.

„Двете ги примив, се чувствувам добро“- дополни друга.

„Персоналот е супер, нус појави нема, тоа е сите да се вакцинираме“-нагласи трета.

Одреден период во регионалниот пункт во Куманово се спроведуваше само ревакцинација, бидејќи недостасуваа вакцини.

 

Елена Георгиевска