Невреме со град уништи голем род во прилепско
Пороен дож со град уништи голем род во прилепско. Штетите на градинарски и житни култури, на тутун се од 20 до 100 насто. Зафатени се атари на шест села. Земјоделците ќе пријават и велат- ќе се надеваат нешто од загубите да вратат...

Уништени површини со пиперки, тутун, со царевка, кромид. Вчерашното невреме со пороен дожд и град им направи големи штети на земјоделците од прилепско. Градот кој десетина минути интензивно паѓаше, велат земјоделците, ни ги ги однесе надежите.
Од невремето се погодени, неофицијално, близу 2.000 хектари, зошто се опфатени атари на шест села. Оваа година, велат, ги следи малер- прво со откупот на тутунот, па сушата кога се садеше, а сега невремето. Ќе пријават и ќе се надеваат.
Земјоделците ретко осигуруваат. Дел имаат ниви под закуп, другите не им веруваат на осигурителните компании.
Невремето во Прилепскио- пелагонискиот регион им создаде несигурност на земјоделците во производството.
Елизабета Митреска
