Македонската репрезентација се врати дома по учеството на Европското првенство
Македонските фудбалски репрезентативци се вратија во Tатковината. Пандев, Mрме, Eлмаз, Ристовски и соиграчите подеднакво ја впишаа Македонија во европската спортска антологија. Дочекани со овации на меѓународниот аеродром...

Жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску, но и многу далеку, рече Пандев по пристигнувањето на аеродромот. Оваа генерација треба да биде запишана со златни букви во македонскиот фудбал, бидејќи е прва што играше на вакво натпреварување. Додаде дека за неговите идни планови сѐ уште не знае, нема желба да биде тренер, можеби некој спортски директор или да работи со менаџерите во Италија.
Пандев вели дека федерацијата треба да го задржи Игор Ангеловски за селектор на Македонија до крајот на квалификациите за Светското првенство. Ангеловски возврати- со задоволство го одработил секој момент како селектор.
Според првиот човек на македонскиот фудбал, Сејдини- самото учество на Европското првенство е голем предизвик.
Фудбалска репрезентација на Македонија вчера во Амстердам против силната Холандија ги заврши настапите на Европското првенство.
Македонската фудбалска репрезентација за првпат од осамостојувањето се пласираше на европско првенство. Македонските фудбалски херои на чело со капитенот Горан Пандев го изодеа патот до европското и ја израдуваа целата нација.
Ана Јосифоска- Тодоровска
