Османи и Сијарто ќе го отворат новиот почесен конзулат на Унгарија во Штип
23.06.2021 09:10
По завршување на церемонијата на отворање на Почесниот конзулат, министрите ќе присуствуваат и на бизнис форум...

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто ќе го отворат Почесниот конзулат на Унгарија во Штип, со јурисдикционо подрачје за целиот Источен регион во Република Северна Македонија, каде што ќе бидат пречекани од страна на новиот почесен конзул во Штип, Данела Арсовска.
По завршување на церемонијата на отворање на Почесниот конзулат, министрите ќе присуствуваат и на бизнис форумот каде на иста маса ќе седнат компании од двете земји, со цел продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Унгарија.
