Холштајн: ЕУ мора да стои на своите заложби и да важи пристапот „вие испорачувате, ние испорачуваме“
Во оваа насока, посочи Холштајн, португалското претседателство направи се, но како што изгледа, претстојното словенечко претседателство ќе треба да прeземе.

Приоритет на владите мора да бидат кредибилни и одржливи реформи, а ЕУ мора да стои на своите заложби. Пристапот „вие испорачувате, ние испорачуваме“ мора да важи. Важно е пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија почнат што е можно побрзо, порача денеска германската амбасадорка Анке Холштајн, на првиот Скопски економски форум.
Во оваа насока, посочи Холштајн, португалското претседателство направи се, но како што изгледа, претстојното словенечко претседателство ќе треба да прeземе.
Германија останува силен поддржувач и ќе работи тоа да се случи. Идното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е наша заедничка визија и геостратешки интерес. Германија останува цврсто посветена на оваа цел, изјави Холштајн.
Основата за подобра регионална соработка, нагласи Холштајн, е довербата и Берлинскиот процес се покажа корисен за позитивен развој на регионот.
