Пелагонија

Најголемата житница на неполн месец до жетва

23.06.2021 13:31

Од парцели со рекордни приноси до површини кадешто приносите на лебно зрно ќе бидат под просекот. Очекуваните јунски дождови направија селекција на парцелите во најголемата житница. Во наредниот период пелагониските земјоделци посакуваат повисоки температури, но внимателно ги следат и цените на пченицата на светската берза...

Посакуваните јунски дождови си поиграа со нервите и очекувањата на пелагониските земјоделци на неполн месец до жетвата, сликата да биде идеална. Во некои атари и парцели врнежите навремени и во доволни количини, на некои земјата остана сува. Состојби кои навестуваат шареколикост во приносите- велат земјоделците.

Расположението најлошо кај оние каде силно удри градот и штетите се писутни и кај пченицата, но и тутунот и раноградинарските култури. Додека едни тагуваат, други очекуваат да се пофалат со рекордни приноси со пченица по хектар.

Очекуваат рекорди, но се уште лебди прашањето за откупната цена. Засега велат, нема сигнали од мелничарите. Откупната цена на светските берзи се движи окулу 12 денари за килограм пченица. Земјоделците со свои калкулации.

Математики, калкулации и натегања имало и ќе има, вели земјоделецот Дамчевски. Засега најбитни се временските услови.

Највените високи температури ќе годат, затоа што уште одамна е кажано- ова е периодот кога уште на нива „лебот се печи“.

Стевче Митревски