Прилеп: Протести за спас на изворот „Леково“
Прилепчани пак на протест за спас на водата за пиење од блискиот извор „Леково“, еден од четирите кои со децении го снабдува градот. Опасноста ја гледаат од блискиот концесионер за ископ на мермер, веднаш до изворот. Бараат стопирање на ископот, зашто водата е заматена, а сега и црвена, а надлежните да направат увид. Се согласува и Прилепски водовод кој реагира до Министерството за економија, зашто градот може да го загуби еден од основните извори со квалитетна вода за пиење...

Граѓаните пак на протест- алармантно, велат, се загрозува изворот „Леково“ кај Прилеп, еден од четирите кои со квалитетна вода за пиење го снабдува градот, и пред изградбата на регионалниот систем „Студенчица“. Блискиот, на 100-ина метри, ископ на мермер ја доближи опасноста да се загуби изворот. Досега не добиле одговор од преставките до Министерствата за економија и за заштита на животната средина. реагираат со години. Сега има и одрони и водата е жолта.
Прилепски водовод ги поддржува реакциите и не се согласува со последниот одговор од Министерството за економија дека три фирми се на приближно растојание, од кои две минираат. Се бара нов увид зашто спорната фирма „Марибел“ е на 100-тина метри од изворот, копа по текот на водата, адругите две, се на околу 2 километри.
Со вакви состојби, ризикот е голем Прилеп да го загуби изворот „Леково“, со квалитетната вода за пиење колку од „Студенчица“.
Елизабета Митреска
