Топол бран

Земјава во портокалова фаза, да се почитуваат мерките за заштита

24.06.2021 10:03

Од Министерството за здравство препорачуваат бремените жени и лицата на возраст над 60 години да се ослободат од работни обврски. Децата кои се во градинка да не се изнесуваат надвор во периодот од 11 до 17 часот...

Денеска и утре целата територија на земјава ќе биде зафатена со температури од портокалова фаза. Се очекува наместа температурата да достигне и 40 степени. Од Министерството за здравство препорачуваат бремените жени и лицата на возраст над 60 години да се ослободат од работни обврски. Децата кои се во градинка да не се изнесуваат надвор во периодот од 11 до 17 часот.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа, во црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.