Политика

Пратенички прашања во Собранието

24.06.2021 10:09

Народните избраници ќе имаат можност да ги прашуваат премиерот и министрите

Традиционално, последниот четврток во месецот во Собранието е резервиран за седница посветена на пратенички прашања.

Народните избраници ќе имаат можност да ги прашуваат премиерот и министрите, а предност во однос на прашањата имаат опозициските пратеници.