Земјоделство

Струмица може да остане без лозови насади

24.06.2021 14:06

Ќе остане ли струмичко без лозови насади од ненаверемените заштитарски мерки на лозарите?! Агроекспертите велат дека ако и годинава неправилно се третира лозјето, истото полека ќе угине...

Ако и годинава лозарите не ги заштитат посевите, лозарството во струмичко полека ќе згаснува. Именно, ланското разочарување на лозарите од откупната цена и предадениот род, ненавремената заштита, им наштети на насадите, а сликата се повторува и годинава, што може да биде фатално- да угние лозјето.

Агроекспертите велат дека дополнително енормно високите температури, придеонесуваат за  развој на болестите кои можат да му наштетат на лозарството во регионот.

Превенцијата врз лозарството со заштитни мерки ќе ја спречи новата епиозода од болести врз лозовите насади.

Годишните врнежи и нивниот сезонски карактер, исто така, се еден од клучни фактори кои влијаат врз културата, бидејќи водниот стрес може да доведе до широк спектар на негативни ефекти, чие негатативно влијание во голема мера зависи од фазата на развој.

 

Стојне Митева