Прилеп

Свидетелствата до септември, основците ја дефинираат стручноста

24.06.2021 15:19

Свидетелствата во септември, средени се изолираните пропусти со барање надомест. Главно се почитуваат прописите, а уписите уште сега го дефинираат интересот за идното занимање на новите средношколци. Освен медицинските струки, во врвот на интересот на прилепските средношколци се профилите во електромашинското училиште кое прво воведе и дуално образование и уште повеќе го привлече вниманието. Во другите стручни, сѐ уште се чека на младите да го одберат идниот занает за егзистенција...

Веќе е извесно- освен полуматурантите и матурантите, преку 8.000 прилепски основци и средношколци свидетелствата ќе ги добијат пред почетокот на новата учебна година. Се средија и изолираните случаи на барање надомест за свидетелствата, што не требаше. Главно, во училиштата се почитуваат прописите.

Медицинските струки, традиционално, веднаш ги пополнија местата, а ги ги следат профилите во електромашинското училиште. Носоката за компјутери, за графички уредник- дизајнер, како нова, техничар за патен сообраќај и тоа со највисоки бодови, се најбарани, како и во дуалните паралелки.

И другите три стручни училишта воведоа дуално образование, но дел сѐ уште не го постигнале интересот кај полуматураните и покрај стипендирањето.

Средношколците имаат можност за упис во овој рок, уште утре и на 30-ти јуни.

 

Елизабета Митреска