Политика

Поддршка од Вишеградската гурпа за почеток на преговорите со ЕУ

24.06.2021 15:57

Подршката за земјите од Западен Балкан останува приоритет. Заслужувате да бидете дел од европското семејство- порачаа четворката дипломати на отворањето на изложбата во Собранието по повод 30 годишниот јубилеј.

Триесет години од формирањето на Вишеградската група, амбасадорите на Унгарија, Полска, Чешка и Словачка со поддршка за земјава за почнување на преговорите за влез во Европската унија. Подршката за земјите од Западен Балкан останува приоритет. Заслужувате да бидете дел од европското семејство- порачаа четворката дипломати на отворањето на изложбата во Собранието по повод 30 годишниот јубилеј.

И спикерот Џафери решително пред амбасадорите, земјава треба да е во Европската унија и не постои друга опција. Продолжуваме со исполнувањето на европските стандарди и постигнување на крајната цел.

На брифингот со новинарите Џафери потенцираше дека Собранието го ратификуваше Договорот за добрососедство, потенцирајќи дека тоа е рамката за надминување на спорот. Без конкретен одговор дали по примерот на бугарското собрание кое ратификуваше декларација, и во нашиот парламент треба да се усвои ваков документ.

Процедурално и концептуално спроведовме сѐ што се бараше од нас, појаснува Џафери, откако Македонија повторно не доби датум за старт на преговорите со ЕУ.

 

Миле Ристески