Собрание

Преговорите со Бугарија во фокус на седницата за пратенички прашања

24.06.2021 16:08

На седницата за пратеничките прашања опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Заев да одговори дали во преговорите со Бугарија посегнува по македонскиот идентитет и јазик...

На седницата за пратеничките прашања опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Заев да одговори дали во преговорите со Бугарија посегнува по македонскиот идентитет и јазик, иако тврдеше дека сите прашања со соседите се затворени со Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Сега, според ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за ова ни е виновна Европската унија.

Премиерот Заев во одговорот вели дека преку глава му е од квазипатриотите од ВМРО-ДПМНЕ кои со наративот само ги влошуваат односите со соседите. Заев вели дека со членството во НАТО и со позитивната поддршка од 26 земји- членки на ЕУ се отворија европските порти. Соодветните провокации и внатрешната политичката состојба во Бугарија само придонесе Бугарија да ни стави два пати вето за почнување преговори за ЕУ.

Заев дополни дека во бугарија сме разговарале за патоказот за соработка со нашиот источен сосед.

 

Игор Панов