НАТО

Претставен проектот за текстилни иновации во армиските униформи

25.06.2021 13:09

Професорот Игор Јорданов од ТМФ појасни дека овој проект има за цел да развие повеќе функционална униформа што ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и од УВ-зрачење и што е најбитно ќе детектира дневни гасови со промена на самата боја. Тој информира дека е предвидено според НАТО програмата двајца млади истражувачи од нашата држава, двајца од Србија и двајца од САД да бидат вклучени.

Претставен проектот за иновативен високо- технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на НАТО Алијансата. Проектот на Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје е поддржан од програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“.

Професорот Игор Јорданов од ТМФ појасни дека овој проект има за цел да развие повеќе функционална униформа што ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и од УВ-зрачење и што е најбитно ќе детектира дневни гасови со промена на самата боја. Тој информира дека е предвидено според НАТО програмата двајца млади истражувачи од нашата држава, двајца од Србија и двајца од САД да бидат вклучени.

Значи, НАТО ги финансира младите истражувачи да бидат дел од истражувачкиот тим. Тоа е еден од главните услови и освен нашите научници што ќе одат во САД и во Србија и останатите млади истражувачи ќе дојдат кај нас за да бидат обучувани за одреден дел од проектот, изјави професорот Јорданов.

Министерката Шекеринска изрази задоволство што покажуваме дека нашата земја не е само воена сила која што може да придонесува во НАТО Алијансата, туку во Алијансата можеме да придонесеме и како иноватори.