ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги руши македонските позиции

25.06.2021 13:25

Заев на состаноци зборувал дека Македонците и Бугарите се ист народ, со ист или сличен јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо Заев да се бори за црвените линии и за стратегиските интереси, нашите информации говорат дека со видни луѓе од европската политика, Заев на состаноци зборувал дека Македонците и Бугарите се ист народ, со ист или сличен јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, од новата блокада јасно е и дека не сите држави на Европската унија ја оправдуваат блокадата од Бугарија.

Тоа е така, зашто Заев наместо да се потруди и да сработи да добие поддршка од сите земји- членки, со реформи и работа, тој дома прави криминал и коленичи во Софија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.